Бројните кучиња скитници од улиците на Њу Делхи наскоро ќе станат полициски кучиња после одлуката на градските власти еден дел од напуштените миленици да минат низ полициска обука. Жителите на главниот индиски град одамна имаат обичај да вдомуваат кучиња скитници, но прв пат нешто слично одлучиле да направат и градските власти.

Еден од официјалните лица на градот рекол дека со оваа иницијатива ќе се решат два проблеми одеднаш, ќе се намали бројот на кучиња скитници на улиците на главниот град и истовремено ќе се пружи поголема сигурност на граѓаните. Според последните статистички податоци од 2009 година на улиците на Њу Делхи имало повеќе од 260 илјади кучиња, меѓу кои многу биле изгладнети и агресивни. Со закон од 2001 година државата забранила убивање на кучињата скитници па нивниот број повеќекратно се зголемил.