Жабата која со необична брзина ги менува боите во Индија ја доживуваат како боженство и и’ се молат секоја вечер. Животното го открил еден Индиец во својата куќа, која сега е претворена во светилиште. Еден од водечките индиски зоолози се одлучил да се позанимава со жабата и да ги открие нејзините камелеонолошки способности. Човекот што ја пронашол тврди дека имала бела боја која подоцна преминала во жолта за до вечерта да стане сива.
Научниците пак велат дека способноста на животното да ги менува боите се наоѓа во потребата од скривање од грабливците, и дека тоа не е ништо чудно. Но, кога им кажале дека жабата ги менува боите многу брзо одлучиле да се позанимаваат со неа. Сега се надеваат дека жабата ќе преживее додека не се реши мистеријата.