Од Гинсовата книга на рекорди потврдија дека браќата Сурај Кумар Мехер и Рајеш Кумар Мехер од Индија го направија најголемиот далечински управувач на светот. Тој е долг 4,5 метри и е потполно функционален, што е докажано на телевизор со нормална големина. За тоа е заслужен Рајеш, кој има диплома за инженер по електроника.
Тие двајца на изработката на овој далечински управувач работеа 68 дена, често посветувајќи му се и до доцна во ноќта. Дури го продале и својот мотор за да соберат пари за материјалот кој им бил потребен. Далечинскиот управувач е за 23,68 пати поголем од обичниот и содржи дури 37 копчиња. Сурај вели дека се потребни три лица за истиот да се помрдне.