Управата на затворот Гвалиор во индиската држава Мадја Прадеш вовела тримесечен јога курс, а затворениците кои ќе го завршат ќе добијат намалување на казната за 36 дена. Вежбите и медитацијата се дел од новиот индиски проект за намалување на стресот и агресијата по затворите.
Освен намалување на казните и подобрата духовна состојба, затворениците ќе бидат и во подобра физичка состојба со оглед на тоа што јогата бара работа на мускулите и концентрација. И додека индијците се обидуваат со јога да им дадат внатрешен мир на своите затвореници, во едно од британските средни училишта немирните ученици морале да гледаат едукациски видеоматеријал и да слушаат класична музика.