Индијката Џиоти Амге го прославила својот 18 роденден така што ја добила титулата за официјално најниска жена на светот и влегла во Гинисовата книга на рекорди. Претставниците од Гинисовата книга ја измериле Амге и утврдиле дека е висока само 59,69 сантиметри и тешка околу пет килограми. Таа е за седум сантиметри пониска од 22-годишната американка Бриџет Џордан, која од септември па се до денес ја носела титулата за најниска жена на светот.

Ова не бил прв гинисов рекорд за Џиоти Амге, која до пред неколку дена била најниската тинејџерка на светот, но бидејќи наполнила 18 години сега станала најниската жена. Од Гинисовата книга соопштиле дека таа пораснала помалку од еден сантиметар во последниве две години и дека нема повеќе да расте.