Владата на државата Џаркханд на север на Индија одлучила да запосли бербери и фризери, за на своите студенти да може да им приушти беспалтно шишање.
Премиерот Банду Тирки рекол дека голем број од студентите кои ги посетуваат државните школи се толку сиромашни што не можат да си приуштат редовно шишање.
Најавил вработување на околу 4 илјади фризери и бербери кои ќе им бидат достапни на студентите 3 дена во неделата. За овој план од државната благајна ќе треба да се издвојат 1 милион долари.
„Мораме образованието да го направиме достапно за сиромашните студенти, и да им дадеме мотивација да одат во школо“ – рекол Тирки.
Џаркханд е сиромашна племенска држава со 54% писмено население. Во цела Индија писмени се 65 % од населението.