Индиецот Фероз Уд Дин Мир, кој има десет деца, тврди дека е најстарата личност на светот, бидејќи имал 141 година. Како што пренеле британските медиуми, тој рекол дека има крштеница на која, наводно, како датум на неговото раѓање бил запишан 10 март 1872 година.

Дин Мир бил роден во планините на северот од Кашмир, а долго живеел и работел во Пакистан. Тој се женел повеќе пати, а моментално бил во брак со петтата жена, која, доколку се точни тврдењата за датумот за неговото раѓање, од него била помлада 60 години. Официјалните лица од гинисовата книга на рекорди моментално ги проверувале овие податоци, а доколку се точни, овој индиец ќе ја земе титулата од јапонката мисао Окава која има 115 години.