Еден индиец, фрустриран поради неуспехот при барање работа, нарачал убиство на својот татко за да го добие неговото работно место во државната управа еден ден пред таткото да замине во пензија.
Маж од сиромашната индиска држава Бихар планирал да побара да го вработат на татковото работно место, бидејќи тој умрел додека сеуште бил во работен однос, изјавил полицискиот службеник Нарес Синг.
Тој на својот роднина му платил 2.500 долари за убиството.
„Рече дека верувал дека работното место ќе му биде понудено во знак за сочувство ако убиството остане нерасчистено“ – рекол Синг