Еден страствен коцкар од Источна Индија на изгубил својата 18-годишна ќерка на карти. Жителите на западнобенгалското село рекле дека човекот, кој во медиумите бил наречен само Исмаил, откако ги изгубил сите пари на карти во последното делење ја заложил својата ќерка.
Очајниот Исмаил изгубил, а победникот Мустафа ја повел ќерката на Исмаил со себе. Претставници од селото веднаш ја известиле полицијата за инцидентот. Девојката и Мустафа исчезнале и сега полицијата распишала потера по нив.