Во источна Индија еден татко поднел тужба против својот син единец за навреда откако склопил брак со жена од пониска каста, наведувајќи дека така го извалкал неговиот углед и друштвениот статус. Сиднат Шарма бара околу 162 илјади долари како оштета од својот син Сушант Џасуа и сака да го спречи да го користи семејното презиме на судското рочиште кое треба да продолжи овој викенд во индиската сојузна држава Бихар.

Шарма, адвокат од повисока каста, рекол дека со венчавката, која била минатата година, била прекината традиција стара 400 години. Тој изјавил дека со години постоела прифатена традиција за договорени бракови, секој во рамките на својата каста, која неговиот син ја прекинал.