Двата инциденти како што информира СВР Охрид се случиле вчера.

Најпрвин во 13.25 часот во охридската полиција било пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Истиот ден, околу 9 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во кругот на Општата болница во Струга, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз 58 годишно лице од струшкото село Велешта.

По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews