Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер времено беше прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.

Натпреварот е прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Натпреварот беше прекинат, а двете екипи се повлекоа од теренот. Откако страстите се смирија мечот продолжи, а Вардар на полувреме има предност 13:10.

OhridNews
Фото: МИА