Беспилотно летало се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави денеска претставник на службите за итни случаи.

Дронот се урна вчера попладне, а оградата на аеродромот е малку оштетена, изјави тој за руските медиуми.

Според првичните информации во инцидентот нема повредени. Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.

Украина повеќе пати го гранатираше овој регион, а целата територија има висок степен на опасност од терористички закани.

OhridNews