Инцидент се случил по вчерашниот натпревар меѓу екипите на Охрид и Вардар Неготино во кој нападнати биле голманот и уште неколку фудбалери на Охрид.
Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна, велат од ГФК Охрид.
Посочуваат дека клубот како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент.
Бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт, додаваат од ГФК Охрид.
Инаку, во натпреварот со Вардар, Охрид извојува победа постигнувајќи еден гол.
OhridNews
видео. ГФК Охрид