Властите во Аргентина подготвуваат нови и построги закони за насилството во спортот со кои сакаат да стават точка на инцидентите кои ги поминуваат границите на спортот. Инцидентот пред реваншот мечот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, кога домашните навивачи со тврди предмети и солзавец го нападнаа клупскиот автобус на Бока ја прели чашата на трпението на аргентинските власти.

  • Инцидентите и цела ситуација беа застрашувачки, а земјата доживеа голем срам. Мора под итно да се донесе поригорезен закон за насилниците во спортот. – изјави претседателот на Аргентина, Маурисио Макри.

Првиот човек на земјата се налути дека полицијата ги пуштила на слобода дел од лицата кои приредија хаос во центарот на градот после одложување на дербито. – Вистина не го разбирам тој потег и се чудам. Не смее така да се постапува. Луѓето кои загрозија многу животи се на слобода.

Дербито во финалето познато како „Супер класико“ не се одигра во саботата, а ниту во неделата за кога беше презакажано. На состанок помеѓу двата клубови, челници од Јужноамеричката федерација и полицијата ќе биде одреден терминот на дуелот, кој ќе даде новиот шампион во Копа Либертадорес.

Првиот меч одигра на „Ла Бомбоњера“ заврши без победни 2-2. Голот во гости не важи во финалето.

OhridNews