Инцидент после завршување на натпреварот го одбележа дуелот на СРЦ „Билјанини Извори“ помеѓу екипите Воска Спорт и Белица, во рамките од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Како што информираат од СВР Охрид, директор на домашниот клуб физички нападнал гостински фудбалер. СВР Охрид против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава.
Што се однесува за исходот, Воска Спорт со гол во 89-та минута обезбеди победа 4-3, во пресметка со екипата на Белица.
OhridNews