Ноќеска во 01.30 часот, во близина на угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од неколку лица, врз 22-годишен охриѓанец.

СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачите ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Синоќа, пак, исто така на булеварот „Туристичкс“, во 22.25 часот во СВР Охрид, 23-годишна скопјанкс пријавила дека на бул. „Туристичка“ била касната од куче скитник. Притоа се здобила со повреди во пределот на грбот, соопшти СВР Охрид.

OhridNews