Новоизбраниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ денеска напладне во Загреб положи свечена заклетва. Јосиповиќ се заколна на верност на Уставот и вети дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно за доброто на хрватскиот народ и сите граѓани на Хрватска, ќе се грижи сите тела на државната власт да работат праведно и ќе ја чува независноста и интегритетот на земјата.
Свечената заклетва, Јосиповиќ ја изрече пред претставници на законодавната, извршната и судската власт, претседателите на десетина странски држави, високи меѓународни претставници, претставници на верските заедници и бројни граѓани собрани на Марковиот плоштад во Загреб.
На свечената инаугурација присуствуваат и претседателите на Македонија, БИХ, Црна Гора, Косово,Словенија, Албанија, Бугарија, Унгарија, Полска и Словачка, како и еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.
Ohridnews
Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com