Пропратено со пригодна свеченост, денес, во Вашингтон се одржува инаугурацијата на Барак Обама, во неговиот втор мандат како претседател на Соединетите Американски држави.

Предвидено е давање на свечени заклетви на потпретседателот Бајден, а потоа и на претседателот Обама, кој заклетвата ќе ја даде пред претседателот на Врховниот суд , држејќи ја десната рака врз две Библии, едната врз која бил инаугуриран претседателот Абрахам Линколн, а другата врз библија која е во сопственост на убиениот борец за човекови права, Мартин Лутер Кинг.

Обама и Бајден заклетвата ќе ја дадат вторпат. Претходно заклетвите ги дадоа во затворени церемонии во Белата куќа, односно во резиденцијата на Бајден во Морнаричката обсерваторија во Џорџтаун.

Уставот предвидува заклетвите да бидат дадени на 20 јануари, но традицијата налага, во случаите кога овој ден се паѓа во недела, свечената инаугурација да се одржи уште еднаш, следниот ден.

OhridNews