Целта на проектот роектот ILECU кој е финсиран од Европската Комисија е воспоставување меѓународни координативни единици на органите надлежни за спроведу- вање на законот за борба против сите видови на организиран криминал, брзо спроведување и размена на криминалистички информации, размена на разузнавачки податоци при меѓуна- родни истраги, зајакнување на соработката и вмрежување меѓу земјите кориснички и земјите на ЕУ, развивање на национални стратегии за заштита на лични податоци, воведување меѓународни стандарди за квалитет и сл.
Инаугурацијата ке се реализира во присуство на претставници на носителот на Проектот-Федералното Министерство за внатрешни работи на Австрија, Потпроектниот тим за имплементација од МВР на Република Словенија, Европската Комисија, Интерпол, Сојузната криминалистичка служба на Германија и Романија како и на регионалните тимови на земјите кориснички: Република Македонија, ХрваIтска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Србија.
На свечената инаугурација, на која воведно обраќање ке има Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски, ке учествуваат и претставници на Управата за финансиска полиција, Царинската управа, Министерствата за финансии и правда, Јавното обвинителство и дирекцијата за заштита на лични податоци.