Претходно времена дозвола за пловидба доби бродот „Галеб“, што наиде на реакција од сопствениците на другите бродови, кои и забележаа на државата дека нема има ист аршин кон сите.
Охридските бродови престанаа да пловат на 17-ти јули, по забраната што им ја изрече Капетанијата, затоа што им беше истечена регистрацијата. Претходно овластениот бродски регистер за Македонија, германски „Лојд“ ја извести државата дека нема повеќе да врши регистрација на пловни објекти во земјава, по што Министерството за транспорт потпиша договор со француската осигурителна компанија „Биро Веритас“. Охридските бродари незадоволни од условите и висината на цените на услугите одбиваа да склучат договор за технички преглед со „Биро Веритас“, се до неодамна.
Бродарите сметаат дека со потпишување на договор со „Биро Веритас“, нема да се решат проблемите во внтарешната пловидба, бидејќи на Охридското Езеро нема услови за технички преглед на суво, не се дефинирани водните патишта нема соодветна сигнализација, а посадите на бродови не можат да се стекнат со звања во Македонија. За сите овие проблеми бродарите ја обвинија Капетанијата на пристаништата, која според нив не обезбедува услови за непречено и безбедно одвивање на водниот сообраќај на Охридското Езеро.