По кусо боледување, на 77-годишна возраст, вчера во раните утрински часови во Охруд почина доктор Голаб Чингоски.
Чингоски е еден од основачите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, долгогодишен професор, а во два наврати и декан на факултетот. Автор е на повеќе научни дела од областа на туризмот, а е познат и како туристички работник во големите туристички капацитети во Охрид.
Чингоски го завршил економскиот факултет на белградскиот универзитет, каде што и докторирал.
Посмртните останки на Голаб Чингоски ќе бидат изложени во градската капела денеска од 13 до 14 часот, по што ќе бидат погребани на гробиштата во Охрид.
Ohridnews