Денеска во Охрид, на 89-годишна возраст почина еден од основопложниците на музичката дејност во Охрид, основач, прв професор и прв директор на Основното музичко училиште „Методи Патче“.

Гаврилоски е еден од првите академици со завршена Педагошка академија во Скопје – музичка насока во повоена Македонија. Работниот век најпрво го почнува во училиштето „Владимир Илич – Ленин“ во Скопје со кој хор освојува бројни награди во рамките на поранешна СФРЈ. Сето тоа е забележано од градските татковци во Охрид, во тоа време, и како охриѓанец побарано е од него да го основа нижото музичко училиште во нашиот град.

Се враќа во Охрид, и по основањето е прв директор на музичкото училиште „Методи Патче“. Во 1968 година, Наум Гаврилоски во просториите на музичкото училиште го формира и КУД „Ѓердан“, а на иницијатива на тогашниот директор на Охридско лето, Миле Волканоски. Гаврилоски е максимално посветен на класиката, репродуктивната уметност и фолклорот, свири и седум инструменти, па сосема оправдано меѓу охриѓани е познат и како татко на музиката во нашиот најголем туристички центар.

По работата во музичкото училиште се преселува во Домот на културата во Охрид каде го формира Ансамблот за народни песни и игри „Бисери“, а подоцна и КУД „Отекс“. По пензионирањето е главен раководител на АНПИ „Бисери“ долги години, а го формираше машкиот камерен хор кој во независна Македонија стана.

По пензионирањето е главен раководител на АНПИ „Бисери“ долги години, а го формираше машкиот камерен хор кој во независна Македонија стана препознатлив музички симбол на градот.

Погребот на Наум Гаврилоски ќе биде извршен утре од 15 часот на Градските гробишта во Охрид.

OhridNews