Почина Момчило Грошев, поранешен голман на фудбалскиот клуб Вардар, еден од најдобрите и најпознати чувари на мрежата што нашиот најтрофеен клуб ги имал во својата историја.

Во 80-те години од минатиот век Момчило Грошев беше стандарден меѓу стативите на „Црвено-црните“ во натпеварите од тогашната Прва југословенска лига, а круна на голманската кариерата му беше освојувањето на шампионската титула во СФРЈ со „златната генерација“ на Вардар од сезоната 1986/1987.

По завршувањето на играчката кариера, работеше како тренер во младинско-пионерската школа на клубот.

Ohridnews
“Извор А1”