Денес во раните утински часови почина Блаже Тренески – познат собирач на народни песни од Охридскиот крај и автор на повеќе стихозбирки за деца.
Блаже Тренески е роден 1931 година во село Врбјани, а работниот век го помина како медицински техничар на детското одделение во “Медицински Центар “ во Охрид. За својата плодна работа е добитник на “Седмоноемвриска награда “ на градот Охрид во 1982 и посебно признание за особен придонес во развојот и афирмацијата на “Студентски збор “.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид, утре, 2- ри мај, од 12 до 13 часот .
OhridNews