In Memoriam
Никола Маневски-новинар
1950-2010

Ноќеска во Охрид, на 60-годишна возраст ненадејно почина Никола Маневски,еден од доајените на македонското новинарство.

Новинарот Никола Маневски е роден на 18.07.1950 година во Охрид. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, Србија.

Почина како портпарол на Локалната самоуправа во Охрид, а речиси четири децении остави неодминлив новинарски белег во “Радио Охрид”, “Вечерње новости”, “Борба”, беше основач на информативната служба на “Отекс” и весникот “АМАК-ПРЕС “и многу исклучително вредни новинарски проекти. Во последните години беше присутен со колумни во интернет порталот OhridNews, а своите критички ставови повремено ги изнесуваше и во други локални медиуми. Ја уредуваше и официјалната веб страна на Општина Охрид.

Посмртните останки на новинарот Никола Маневски ќе бидат изложени во понеделник, 2-ри август, во капелата на градските гробишта од 13 до 14 часот, а локалната самоуправа и новинарскиот еснаф во 11 часот во големата сала во Општина Охрид ќе одржат комеморативна седница.

OhridNews