Рано утрово на 40 годишна возраст почина Наташа Чочегова – долгогодишен претседател на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.

Наташа Чочегова и покрај својот хендикеп, активно беше вклучена во општествениот живот, а особено се заложуваше за рамноправност на лицата со посбни потреби.

Со смртта на Чочегова невладиниот сектор, а посебно здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа изгуби голем борец за правата на лицата со посебни потреби.

Посмртните останки на Наташа Чочегова ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта утре – 23.01.2009г. од 13-14 часот, по што ќе биде извршен погребот.

ohridnews