Со неизмерна тага Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (26.8.2013 година) по кратко боледување почина долгогодишниот спортиски (ракометен) работник Ефтим Џигероски роден 1947 година во Струга.

Ефтим Џигероски беше тренерот кој долги години беше тренер на сениорската екипа на Струга: Човекот кој на самите наши почетоци ни даде шанса да покажеме што знаеме и можеме и кој има посебни заслуги за развојот на една од најдобрите генерации во историјата на мак ракометот на чело со Наумче Мојсовски, Горан Ѓоргоноски, Ацо Јоновски, Златко Мојсовски, Дарко Џутески, Горан Димитроски и други.

Исто така Џигероски целиот свој живот го посвети во работа со млади категории за што ќе му бидеме вечно благодарни. Почивај во мир чичко Ефто.

Во име на Наумче Мојсовски, Ацо Јоновски, Милчо Чакар, Златко Мојсоски, Дарко Џутески, Горан Димитроски и останатите.

Горан Ѓоргоноски
Поранешен ракометар на Ракометниот клуб Струга