Dj Мравка
Во својот краток живот Dj Мравка остави силен белег на охридската клубска сцена и беше еден од предводниците на новата генерација диџеи во Охрид. Клубската денс музика беше препознатливиот стил на Dj Мравка кој воодушевуваше со неговата непосредност, ведар дух и позитивен карактер. Беше почитуван и омилен кај колегите, респектиран од посетителите на неговите забави. Dj Мравка настапувал во сите позначајни клубови во Охрид, а неговите сетови во последниот период беа на редовната програма на Mezzo Forte cafe и ноќниот клуб Cuba Libre.
Од My Space профилот на Dj Мравка
Прераната смрт на Dj Мравка претставува загуба на еден исклучително музички надарен млад човек, загуба за охридкската клубска сцена и пред се голема загуба за неговото семејството на кое му изразуваме длабоко сочувство. Посмртните останки на Dj Мравка ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид во понеделник, 16-ти ноември, од 12-13 часот.