Талевски е роден на 17 декември 1954 год. во Велес. Во 1992 год. се преселува во Охрид каде останува до крајот на животот. Во меѓувреме животот му е исполнет со многубројни патувања низ Европа, Азија, Африка и Северна Америка.
По преселувањето во Охрид, фотографирањето му станува професионална определба. Како фотограф има настапувано со повеќе од 40 самостојни изложби во Европа и Северна Америка. Неговите фотографии денес можат да се најдат во приватните збирки на илјадници луѓе од цел свет, или како украс на ѕидовите на бројни институции во Р. Македонија и други земји.
Погребот на посмртните останки на фотографот Атанас Талевски се одржа денеска на градските гробишта во Охрид.
ohridnews