Утре на 16-ти април 2016 година на репертоарот на охридскиот Народен театар е театарската импровизација „Имровокација“. Играат актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.
Целта на „Импровокација“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „Импровокација“ е спонтана, забавна и смешна.
Почеток на претставата е во 20 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари.
OhridNews