Во култниот клуб Џез Ин, вечерва со почеток во 21:00 часот, љубителите на квалитетниот хумор
ќе имаат шанса да го проследат најновото издание на мегапопуларната Импровокација.
Импровокаторите ветуваат саат и петнаесет минути пеколно смеење со театарска импровозација.
Карти по цена од 200 денари можат да се купат во Музичка Продавница Зизи Топ или резервираат на телефонскиот број 075 283 066.
Театарска импровизација „Импровокација“ е проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски помогнати од Филип Ангеличин Жура како организатор (џокер или „совест на шоуто“). Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава, таков тематски правец добива и самата изведба. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
OhridNews