Комичното шоу „Импровокација“ се враќа на сцената на Народен Театар Охрид. Импровокаторите седмата сезона ќе ја започнат во малата сала при Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во петок (12.11.2021) во 20:00 часот.
Шоуто претставува уникатна форма на театар, каде преку еден неформален и забавен начин се креира театарската игра со цел да се доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Покрај уникатната форма на изведба, карактеристично за шоуто е што секогаш е различно.
За прв пат, актерите од Народниот Театар од Охрид Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски и Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура ја играат на 25 февруари 2016 година. Кон „импровокаторите“ , во третата сезона се приклучува Никола Јосифоски како музичар импровокатор со што се комплетира составот на „Импровокација“.
Присутните мора да поседуваат и приложат сертификат за извршена имунизација со две дози од вирусот Ковид-19 или сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ .
OhridNews