Центар за култура „Григор Прличев“
Од 23.11.2019 - 20:00 до 23.11.2019 - 21:30
Оваа сабота (23 ноември) на керал сцената при Народен Театар Охрид, ќе се изведе втората епизода од шестата сезона на комичното шоу Импровокација. Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, со музичка поддршка од Никола Јосифоски и Филип Ангеличин – Жура, како “совест” на шоуто.
Целта на „Импровокација“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста.
Почеток на претставата е во 20:00 часот.
Билетите можат да се купат во музичката продавница „ЗЗ Топ“ по цена од 200 денари, или да се резервираат на телефонскиот број 075/283066.