Охридскиот градски хор Vox Lychnidos имаше импресивни настапи во соседна Србија, во градовите Кикинда и Нови Сад. Преку одличната изведба успеаа да пренесат емоции кај присутната публика, а за тоа беа наградени со долги аплаузи и овации.
Диригентот на хорот Бурим Хидри не го крие задоволството од претставувањето пред српската публика, вели изборот на композициите како, Sicut cervus, Konj,Besame mucho, потоа „Капетан“, современа композиција со фолклорни елементи од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, и енергичната изведба на хористите се уште една потврда дека продолжуваат да ја негуваат хорската традиција и да бидат вистински репрезент, амбасадор на градот и државата.
Покрај охридскиот хор, настапија и хорот „Атендите“ од Кикинда и мешаниот хор при КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад.
Вечерите исполнети со позитивна енергија биле надополнети со заедничка изведба на трите хорови на македонските песни „Елено ќерко“ и „Линхида кајче веслаше“, за што публиката ги врати и на бис.
Охридскиот градски хор зад себе има традиција од 57 години, од 2015 година го носи името Вокс Лихнидос и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри. Редовно одржуваат годишни концерти, настапуваат на хорски фестивали низ Македонија, но и во странство, каде имаат освоено бројни награди и признанија.
Годинава по четврти пат го организираа Меѓународниот хоркси фестивал „Гласот на Охрид“.
OhridNews