Второто издание на Спортскиот-едукативен камп „Охрид 2017“ беше збогатено со трите англичанки волонтерки Алекс Смит, Бет Френкс и Софи Ледвит кои доаѓаат од универзитетот Роехемптон од Лондон, кој има партнерски односи со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира кампот.

Студентките по Физичка култура и образование активно помагајќи и едуцирајќи ги „камперите“ учествуваа во секојдневните активности. Трите англичанки имаа и лично свои презентации, односно на учесниците на Спортскиот-едукативен камп ги запознаа со тајните на нетбал и со драмската изведба на Хари Потер.

– Кампот во целина не воодушеви, бидејќи беше богат со спортски и едукативни содржини. Покрај спортувањето и учењето можевме многу да прошетаме и да се запознаеме со Охрид од кој сме импресионирани. – изјавија трите англичанки и додадоа околу нивниот ангажман на кампот.  Учесниците кои вклучени во нетбалот и драмската изведба на Хари Потер работеаја со голем ентузијазам и цело време низ кампот зборуваа само за тоа. – изјави Смит.

Специјалните гости на кампот позитивни впечатоци носат од игрите во вода и во базенот во Хотелот Десарет. – Сите спортови беа добро опфатени, но најмногу дечињата се радуваа на игрите во вода. Пливањето ни беше специјалност во средно училиште и затоа тој спорт го чувствуваме како многу близок. И самите учесници повеќе уживаа на спортовите кои се одвиваа во вода, отколку на суво. 

Смит, Френкс и Ледвит догодина повторно посакуваат да бидат дел од кампот кој втора година во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ има меѓународен карактер.

– Ако датумите на одржување на кампот се поклопат со нашите слободни денови не би имале ништо против повторно да бидиме дел од овј проект. Исто така би било добро на учесниците од нашиот универзитет да им се испрати програмата на активности и тие да можат да учествуваат во креирањето на програмата. – завршија трите англичанки кои импресионирани беа од градот Охрид и неговите убавини.

Вториот Спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ се одржа минатиот месец, а впечатоците и позитивните реакции се уште не стивнуваат.