Единствениот македонски претставник во Лигата на Шампиони, Вардар, денеска ги дозна ривалите со кои ќе се судри во фазата по групи. „Црвено црните“ во групата се најдоа со француски ПСЖ, Порто, Киелце, ПИК Сегед, Мешков Брест, Флензбург и Елверум.

Тренерот на Вардар, Стефче Алушовски за официјалниот клупски сајт ги откри првите впечатоци за противниците во групата.

Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме. – изјави Алушовски.

Наскоро, Вардар ќе го состави планот и програмата за подготовките и ќе го презентира целиот ростер на ракометари, кои ќе го носат „црвено црниот“ дрес.

OhridNews

Вардар против познати лица и противници во групната фаза во ЛШ