Аналитичарите и новинарите, паузата во светскиот фудбал поради пандемијата на коронавирусот максимално ја искористуваат за објавување на интересни стории и анализи со точни бројки и статистики. Една интересна сторија доаѓа од самиот врв од светскиот фудбал во кој се вклучени големи фудбалски имиња.

Се работи за тимот на „лошите момчиња“ односно фудбалери кои добиле најмногу црвени картони во текот или до сега во кариерата. Неколку од нив се’ уште се фудбалски аткивни и може да го зголемат ефектот зад нивното име.

Голман со најмногу црвени картони е Јенс Леман. Во кариерата германскиот голман добил седум црвени картони. Веројатно сите го паметат црвениот картон во финалето 2006 година во Лигата на Шампиони кога неговиот Арсенал изгуби 1-2 до Барселона.

Во одбраната местата се резервирани за Патрис Евра (12 црвени), Марко Матераци (15 црвени), Пепе (12 црвени) и рекордерот Серхио Рамос (26 црвени).

Средниот ред според имиња изгледа неверојатно но дисциплината на фудбалерите не им била добра страна. Во средината од теренот се наоѓаат Зинедин Зидан (14 црвени), Де Роси (15 црвени) и неповторливиот Едгард Давидс со 26 црвени картони.

Во нападот се Златан Ибрахимовиќ (13 црвени), Марио Балотели (13 црвени) и Франческо Тоти со 16 исклучувања.

На дрим тимот од лошите момчиња недостасува тренер, но веројатно и за тоа ќе се погрижат аналитичарите за да биде комплетна екипата.

OhridNews