Вкупно 1,2 милијарди луѓе го следеле финалниот натпревар на Светскто првенство во кој се сретнаа селекциите на Франција и Хрватска, соопшти Меѓународната фудбалска организција (ФИФА). „Триколорите“ славеа со 4-2 и ја освоија втората титула на Мундијалите.
Во соопштението ФИФА објави и други импозатни бројки. Сите натпревари на Мундијалот биле проследени од 3,6 милијарди луѓе, што значи половина од светската популација постара од четири години.
ФИФА исто така потврди дека секој меч на Мундијалот би следен од 191 милиони гледачи, што преставува нов рекорд од Мундијалите. Возбудувањата на СП во Русија се гледале на буквално секакви места, а земјата домаќин објави неверојатен приход од организацијата.
Следниот Мундијал ќе се одржи во Катар 2022 година, а подготовките течат во најдобар ред и за очекувања е бројките од Русија да бидат надминати.
OhridNews