Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше можното враќање на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку во Интер.
Доколку Ромелу се врати, нивото на италијанското првенство ќе се зголеми, а јас ќе продолжам да се трудам да го покажам мојот најдобар фудбал, изјави Имобиле за „Фудбал Италија“.
Дваесет и деветгодишниот Лукаку кој е фудбалер на Челзи е пред враќање во Серија А. Белгиецот веќе играше за Интер од август 2019 до август 2021 година. Заедно со тимот стана шампион на Италија.
OhridNews