Екипата на Лацио, имаше успешен старт во Новата 2020 година и во втората полусезона во Серија А победувајќи ја Бреша на гостински терен со 2-1. „Лацијалите“ на „Марио Ригамонти“ стадионот ја забележаа деветтата победо во серија и со трите освоени бодови дојдоа до минус три од водечките Интер и Јувентус на табелата.
Најзаслужен за победата на Лацио против Бреша беше Чиро Имобиле. Најдобриот стрелец во Серија А, прецизно биеше од белата точка на крајот од првиот дел кога го изедначи резултатот, а домаќинот остана со фудбалер помалку. Претходно за Бреша реализираше Марио Балотели. Фудбалерот повеќе во поле гостите од Рим го искористија во судиското продолжение кога Имобиле со вториот погодок во мечот.
Средбата помеѓу Бреша и Лацио означи почеток на фудбалските возбудувања на „чизмата“ кои ќе кулминираат како што ќе се доближува крајот на сезоната.
OhridNews