Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во сабота во 12 часот, а со неа ќе претседава најстариот парламентарец Љубисав Иванов – Ѕинго.

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска повика претставници од СДСМ, ДУИ ВМРО-ДПМНЕ, ДПА И НДП да ги договорат деталите за конститутивната седница. На средбата е договорено седницата да се одржи во сабота на пладне со 4 точки на дневниот ред: избор на верификациона комисија, верификација на мандати, избор на комисија за избори и именувања и избор на претседател на собранието.

Како што брифираат извори од ДУИ, претседателот на новиот парламент ќе се знае најдоцна до сабота ред почетокот на седницата.

OhridNews
извор: Makfaks