Михаел и Каролина Томаро одлучиле да ја тужат државата затоа што шведското национално регистарско тело не сакало да го заведе девојчето под тоа име. „Не е во ред живо суштество да се вика „метал“ и го сметаат името за грдо, посебно за девојче“ објаснуваат од регистарот. Но мајката вели дека „името Металика совршено и одговара на ќерка ми, затоа што уште сега е многу одлучна и знае што сака.“
Регионалниот управен суд во Гетеборг, застанал на страна од родителите, затоа што не гледа никаква причина да се забрани употребата на името Металика за лично име, поготово што веќе постои Швеѓанка која има средно име Металика.
„Моравме да ги откажеме сите договорени патувања затоа што нашата ќерка не може да добие пасош додека не добие службено име“, изјавила Каролина Томаро.
Не знам зошто, прво што ми паѓа на памет по оваа вест е ненадминливата реплика на Ѓуро од „надреалисти“: – У Шведској проблеми…здравооо!