Министерот за здравство Имер Селмани, ги именува директорите на јавните здравствени установи во Охрид. Именувањето како што е соопштено е спроведено во согласност со новините во Законот за здравствена заштита, според кои јавните здравствени установи во иднина ќе имаат двајца директори,  лекар и економист.

Во ЈЗУ Завод за здравствена заштита Охрид –  за директори се именувани д-р Атанаско Михаилов (лекар) и Жанко А. Димитриевски (еконимист).

Во ЈЗУ Здравствен дом Охрид за директори се именувани д-р Митко Дабески (лекар) и Александар Гушевски.

Во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид за директори се именувани Д-р Митко Тилевски (лекар) и Дрени Даути (економист).

Во ЈЗУ Општа болница Охрид – за директори се именувани Љубен Арнаудов (лекар) и Миљана Кесковска (економист).

ohridnews