Црвениот крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиологија при Општа болница Охрид, на големиот верски празник Водици, утре 19.01.2008 г. (сабота) од 07:30 до 15:00 ч. на платото-паркот пред Рибниот ресторан Ќе организира крводарителска акција.
Сите посетители на манифестацијата за одбележување на големиот празник „Богојавление-Водици“, кои сакаат “своите 5 минути да ги искористат да спасат нечиј живот”, ќе можат тоа да го направат дарувајЌи крв.
Акцијата ќе се одвива под мотото „ИМАШ 5 МИНУТИ? ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ НЕКОМУ ЖИВОТ!“
ohridnews