Секоја година се избираат нови најсекси жени. И додека некои веќе со години се на топ 100 листата, некои веднаш го заземаат местото број 1. Така младата актерка Џенифер Лоренс уште еднаш потврдила дека е на врвот на својата кариера. Оскаровката која има 22 години се нашла на првото место на топ 100 листата на списанието FHM. Минатата година на врвот била актерката Мила Кунис моментално го, чека своето прво дете со вереникот Ештон Качер.

Втора на листата е британската ѕвезда Мишел Киган, трета се разбира Ријана , а потоа следува моделот Емили Ратајковски, која се прослави со своето појавување во видеото на Робин Тик за песната ‘Blurred Lines’. Најголемо изненадување на листата е петтото место кое го зазела актерката од серијата ‘Bing Bang Theory’ Кејли Куоко. Идната мајка Скарлет Јохансон е на десеттото, а дивата Бијонсе на дванаесеттото место.