Македонските граѓани јадат најевтино, споредбено со европските земји и земјите во регионот. Според европската статистика “Еуростат”, кај нас во 2009-та цените за храна и останати производи биле за  50% пониски од другите земји.

Највисоки цени во регионот или за само 1% пониски од европските има Хрватска. Како за леб и житарици така и за месо, млеко сирење и јајца. Зад неа е Црна Гора. Таму алкохол се продава за само 5% помалку од Белгија. Слично а за некои производи речиси исто чини во Босна и Херцеговина, Србија и Албанија.

Според “Еуростат” цените во Македонија се џабе. Европската статистика пресметала дека леб и житарици може да се купат за 52% помалку отколку во другите држави. Слични се цените и за месо. Млекото, сирењето и алкохолот се најевтини. Цигарите се двојно пониски од европските, а исти како во регионот.

OhridNews