Лицата кои знаат дека се заразени со коронавирус и не ги почитуваат санитарните мерки на заштита, можат да добијат казна затвор од 15 години, доколку се потврди дека нивното однесување предизвикало смрт на некоја личност. Оваа мерка вчера ја објави романската влада, а која на сила стапува веднаш.

За непочитување на мерките за спречување на ширењето на пандемијата, во Романија предвидена е казна затвор до 3 години.

  • Не можеме да дозволиме неодговорни лица слободно да се шетаат и да го загрозуваат здравјето на луѓето. – истакна романскиот премиер Лудовик Орбан. Тој упати апел до дијаспората да не се обидува да се врати во земјата поради актуелната состојба во Европа.

Во Романија до сега се регистрирани 227 случаи на коронавирус.

OhridNews