Запрашан дали филијата на поштата имала безбедносни камери, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, не одговори директно, но рече дека засега во истрагата се користат само снимките од безбедносните камери на околните објекти.
– Безбедносните камери на останатите институции во непосредна близина на филијалата на „Македонски пошти“ во Охрид се дел од оперативните мерки и други активности кои се преземаат во насока на расветлување на овој случај, рече Димоски.
Според сознанијата на полицијата грабежот го извршило машко лице, високо околу 180 сантиметри на возраст од околу триесет години.
– Се преземаат широки оперативни мерки и се работи со лица кои работат во околните објекти, како и со случајни минувачи кои во моментот на грабежот се нашле на местото на настанот, истакна Димоски.
Грабежот на филијалата на Македонски пошти во Охрид се случи вчера утро околу 07.05 часот, кога засега непознат разбојник, за кој се верува дека бил сам, упаднал во објектот и под закана со оружје однел околу 51000 денари.