Британецот Стивен Хиртс живеел 33 години со заб во своето уво. Овој поранешен рудар од Шефилд трпел ужасни болки уште од својата 14 година поради што делумно оглувел. И покрај честите прегледи лекарите не можеле да откријат што му е. Само пред некое време лекарите во ушниот канал му пронашле заб. Забот го извадиле, но сеуште не е јасно како се нашол таму.
Хитс, кој сите тие години ставал вата во увото и пиел антибиотици поради честите заболувања, сега конечно може мирно да спие. Тој рекол дека бил на безброј прегледи, но дека никој не можел да му помогне, се до неодамна кога во болницата во Шефилд една медицинска сестра не го открила забот под микроскоп. Била многу изненадена бидејќи ништо слично не видела во 20 години колку што работи во болницата.